Силен земјотрес од 7,3 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди денес островот Молучка во источниот дел на Индонезија, соопшти американското Геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, 168 километри јужно и југоисточно од градот Тернате.

Досега не се пријавени извештаи за можни жртви или материјална штета, објави Ројтерс.