Силен земјотрес од 4,3 степени во близина на Зеница во БиХ, тресело околу 20 секунди


Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на Жепче во Босна и Херцеговина во средата

 

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина во средата.
ЕМСЦ првично објави дека јачината на земјотресот била 3,6, но набргу ја зголеми јачината на земјотресот на 4,3. Епицентарот на земјотресот бил регистриран на 11 километри од Жепче и 20 километри од Зеница на длабочина од пет километри, пренее Дневник.хр.

Граѓаните напишаа дека земјотресот бил страшен. „Се чувствуваше силно во Зеница, околу 20 секунди“, „Страшно, повеќе како пропаѓање“, „Многу силно, плакарите се отвораат“, напишаа тие во нивните коментари.

Нешто пред три часот попладнево имаше уште еден земјотрес од 2,5 степени по Рихтер, покажуваат извештаите на специјализираните онлајн апликации. Овој земјотрес бил на длабочина од 5 километри.