Силен земјотрес на Суматра, издадено предупредување од цунами


Силен земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер го погоди индонезискиот остров Суматра. Како што пренесува Ројтерс, во сила е предупредувањето од опасност од цунами.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 59 километри, а засега нема информации за повердени лица и за материјална штета.

Во друга несреќа пак, спасувачките екипи во Индонезија се борат со плимата и силниот ветар во потрагата по 31 човек, што се водат како исчезнати по потонување на рибарски брод во близина на островот Борнео.

Во бродската несреќа загинаа најмалку четири лица.

На бродот имало 37 луѓе, а до сега се пронајдени четири безживотни тела, а двајца се спасени.

– Напорите за спасување ќе траат во следните четири дена. Препреки се плимата и силните ветрови, изјави портпаролот на индонезиската Агенција за потрага и спасување, Иман Сапутра.