Силен земјотрес на грчкиот остров Крит

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер бил регистриран во близина на градот Ираклио на грчкиот остров Крит без, засега, да има информации за повредени или предизвикана материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина .

Земјотресот се случил во 7.40 часот утрово по локално време, бил почувствуван на целиот остров, а епицентарот бил на копно, северозападно од градот Ираклио.

Според грчкиот Геодинамички институт, земјотресот бил со јачина од 5,2 степени според Рихтер, а според Националната опсерваторија во Атина, 5,1 степен.

Вчера пак, земјотрес со интензитет од 4,2 степени го погоди грчкиот остров Закинтос во Јонското Море, при што немаше повредени и штети.