Силен земјотрес ја потресе Херцеговина почувствуван и во Хрватскa


Силен земјотрес го потресе подрачјето на Босна и Херцеговина. Според првите информации, магнитудата била 4,8 степени, пишува EMSC.

Епицентарот бил на 24 километри од Мостар и 10 километри од Широки Брег.

„ Се почувствува и кај нас“ јавуваат од Далмација за хрватските медиуми.

Засега нема информации за евентуални штети или повредени.