Силен земјотрес ја погоди Никарагва


Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтерова скала денеска го погоди западниот брег на Никарагва, соопшти американскиот Геолошки завод, но нема опасност од цунами.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 78 километри југозападно од Жикилио. Првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од 6,7 степени според Рихтерова скала.