Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени по Рихтер синоќа ја погоди Индонезија, соопшти американскиот Геолошки институт.

Земјотресот бил регистриран на околу 250 километри од градот Џајапура во западниот дел на Папуа, на длабочина од 12 километри.

Властите соопштија дека нема опасност од цунами.

Во моментов нема информации за жртви и материјална штета.