Силен украински напад со дронови на руска територија


Пожар по нападот со дронови

 

Во вторникот вечерта, украинските напади предизвикаа пожар кој уништи фабрика за електрична опрема во руската погранична област и повреди најмалку шест лица, објавија локалните гувернери.

Напад со дрон врз фабрика во градот Кореново во руската област Курск предизвика пожар кој беше даснет до утрото. Во самата фабрика нема жртви.

Фотографиите објавени на Телеграмскиот канал на локалниот гувернер Алексеј Смирнов покажуваат фабрика чиј покрив гори. Внатрешноста е целосно изгорена.

Едно лице е повредено кога дрон фрлил експлозив врз куќа во истиот регион, изјави Смирнов.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана уништила 13 украински беспилотни летала во текот на ноќта, меѓу кои и еден во областа Курск.

Гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека четири лица се повредени во украинското гранатирање. Во регионот Воронеж едно лице е повредено во напад со дрон, изјави локалниот гувернер Александар Гушев.

Рускиот весник Комерсант во вторникот пишува дека властите размислуваат за евакуација на жителите од 14 села во регионот на Белгород, чести мети на украински напади.