Силен тајфун пристигнува во Јапонија. „Се очекува нешто невидено“


Надлежните служби во Јапонија денеска издадоа итно предупредување за пристигнувањето на моќниот тајфун Шаншан, кој се приближува до југозападните делови на земјата, придружен со обилни дождови и силен ветер, јавија локалните медиуми.

Предупредувањето за пристигнувањето на тајфунот Шаншан ја принуди компанијата Тојота да ја прекине работата во сите домашни производствени капацитети, пренесува Ројтерс.

Авиокомпаниите и железничките оператори, исто така, откажаа некои услуги во наредните денови поради овој тајфун, кој е категоризиран како „многу силен“ со можни налети на ветер од 50 до 70 метри во секунда (околу 252 километри на час).

Тајфунот Шаншан е последниот во серијата моќни бури што ја погоди Јапонија. Минатата недела земјата беше погодена од тајфунот Ампил. Повеќе од 210 домашни летови беа откажани меѓу средата и петокот, при што беа погодени 18.400 патници, објави компанијата АНА холдингс.

Јапан ерлајнс ќе откаже 170 домашни и 10 меѓународни летови.