Силен ривал на Ердоган замина в затвор по потврдата на казната

Лидерката на главната опозицска партија во Истанбул, Џанан Кафтанџиоглу, е осудена на 4 години и 11 месеци затвор поради навреда на претседателот Ердоган


 

Џанан Кафтанџиоглу, претседателка на огранокот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) во Истанбул, во вторникот им се предаде на властите, откако апелацискиот суд ја потврди затворската казна од четири години и 11 месеци за навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Кафтанџиоглу пристигна во судот во Истанбул околу 11:40 часот по локално време и беше префрлена во затворот „Силиври“ за да биде процесуирана, објавија локалните медиуми.

Десетици илјади луѓе присуствуваа на јавен собир во Истанбул на 21 мај за поддршка на Кафтанџиоглу. Лидерот на ЦХП Кемал Киличдароглу зборуваше пред толпата, обвинувајќи ја владата на Ердоган дека „ги заплашува луѓето“.

Кафтанџиоглу вели дека била цел на политизирано судство поради нејзината улога во победата на ЦХП на локалните избори во 2019 година, кога секуларната централно-левичарска партија ја одзеде контролата врз Истанбул и Анкара од Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган. Гласањето во Истанбул беше повторно спроведено откако приговорите на АКП беа прифатени од избирачката комисија на земјата.

Турција е рангирана на 117-то место од 139 земји во Индексот за владеење на правото за 2021 година листа на непрофитната граѓанска организација „Проект светска правда“.

Турската влада вели дека судовите се независни од политичко мешање.

Затворот „Силиври“ е место за голем број политички затвореници, вклучително и бранителот на човековите права и филантроп Осман Кавала, кој отслужува доживотен затвор без помилување за наводно организирање на протестите во паркот Гези против владата во 2013 година.

Кафтанџиоглу може да одлежи нешто помалку од 2,5 години затвор по намалувањата на пресудата.