Силен град во БиХ, парчиња мраз со големина на тениски топчиња паднаа во Добој


Обилен дожд и силен град денеска околу 17 часот го зафатија Добој во Босна и Херцеговина.

Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат дека големи парчиња мраз паднале врз градот. Жителите велат дека во некои делови биле со големина на тениски топчиња.

На една од фотографиите кои ги објави BHMeteo се гледаат парчиња мраз поголеми од јајце.

За невреме со град јавуваат и српските медиуми, каде зафатен е западниот дел на земјата.