Си-Ен-Ен: По Џорџија, Бајден го презеде водството и во Пенсилванија


САД– Кандидатот на Демократската парија на изборите во САД, Џо Бајден, откако утринава го презеде водството во Џорџија, за над 1.000 гласови, предмалку  и во сојузната држава Пенсилванија го мина својот противкандидат, актуелниот претседател Доналд Трамп, според бројот на освоени гласови, за приближно 6.000 гласа, пренесе Си-Ен-Ен.

Шансите на Трамп да обезбеди реизбор најмногу зависат од случувањата во оваа држава, пренесе Си-Ен-Ен.

Бајден засега води со обезбедени 253 гласа во споредба со Трамп, кој има сигурни 214 електорски гласови, од потребните 270 гласови за влез во Белата куќа.

Од изборите веќе изминаа повеќе од 48 часа, а се уште нема конечни резултати уште од сојузните држави Невада, Аризона, Пенсилванија, Северна Каролина, Џорџија и Алјаска.