Џо Бајден избран за претседател на САД


Кандидатот на Демократската партија Џо Бајден е избран за 46. претседател на САД, јави Си-ен-ен.

Телевизијата го прогласи Бајден за избран претседател по прогласувањето негова победа во Пенсилванија, која носи 20 електорски гласови. Со нив Бајден има 273 електорски гласови од неопходните 270.

Пребројувањето на гласовите продолжува во Пенсиланија, Џорџија, Аризона, Неведа, по што ќе следи и официјална потврда на резултатите.

Историски момент е и тоа што САД по првпат ќе има жена потпретседател на државата, Камила Харис, која е со афроамериканско и индиско потекло.

Актуелниот претседател Доналд Трамп најави дека неговиот правен тим ќе поднесе повеќе тужби во судовите за да ги оспори резултатите.