Си Џинпинг од 20 до 22 март во Москва на средба со Путин


Во односите меѓу Кина и Русија Путин е помалиот партнер

Кинескиот претседател Си Џинпинг од 20 до 22 март ќе ја посети Русија, на покана на претседателот Владимир Путин, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.

За време на разговорите ќе бидат разгледани актуелните прашања за натамошниот развој на сеопфатните партнерски односи и стратешката соработка меѓу Русија и Кина, пренесуваат руските медиуми.

За време на посетата на Си на Русија, планирана е размена на мислења со Путин за продлабочување на соработката меѓу Москва и Пекинг на меѓународната сцена.

Како резултат на разговорите ќе бидат потпишани голем број важни билатерални документи, нагласуваат од Кремљ.