Шведски епидемилог: Требаше порано да се затвориме


Шведска минува низ епидемијата на корона вирус со најмалку рестриктивни мерки меѓу развиените земји, но во услови кога се очекува бројот на починати да надмине 4.000, стратегијата на земјата е цел на критики.

Анека Линде, претходничка на државниот епидемиолог Андерс Тегнел, изјави за британски Опсервер дека построги ограничувања требало да се воведат во претходната фаза на епидемијата.

Линде, која го предводеше одговорот на Шведска на пандемијата на свински грип и појавата на САРС од 2005 до 2013 година, досега го поддржуваше пристапот за борба против корона вирусот.

Сега, сепак, таа е првиот припадник на јавниот здравствен сектор што се дистанцира, велејќи дека се предомислила поради релативно големиот број смртни случаи во Шведска во однос на соседите, Данска, Норвешка и Финска.

– Мислам дека ни требаше повеќе време да се подготвиме, ако се затворевме многу рано, можевме да обезбедиме се што е потребно за да ги заштитиме ранливите категории, рече Линде.