Шведската принцеза Викторија е позитивна на коронавирус


Шведска- Шведската принцеза и престолонаследничка Викторија (43), и сопругот, принцот Даниел се позитивни на коронавирус, соопшти кралската палата денес.

„ Принцезата Викторија и принцот Даниел имаат лесни симптоми, но се чувствуваат добро со оглед на околностите“, се вели во соопштението на палатата, додавајќи дека двојката била во карантин со своите две деца, ќерката Естела и синот Оскар.

Принцезата Викторија ќе го наследи  шведскиот престол од татко ѝ, кралот Карл XVI Густаф.

Кралот и кралицата Силвија се вакцинирани.

Кралот, кој е на тронот од 1973 година и во април наполни 75 години, во неколку наврати апелираше до националното единство на Шведска и ги повика граѓаните да продолжат да се придржуваат кон мерките на волонтерство за социјално дистанцирање во земјата за спречување на ширењето на вирусот.

Шведска објави над 13.000 смртни случаи од Ковид-19. Стапката на смртност по глава на жител е многу пати поголема од онаа на нејзините нордиски соседи, но пониска отколку во неколку европски земји кои се одлучија за локдаун. (Ројтерс)