Шведската амбасада не прима апликанти за миграција поради Ковид-19


Поради пандемијата со Ковид-19, Амбасадата на Шведска, вклучително и Секторот за миграции, ќе продолжи да не прима надворешни посетители се до следното известување.

Поради ова, Секторот за миграции ги презакажува термините за интервју со апликантите.

Апликантите ќе бидат контактирани од Секторот за миграции доколку нивниот термин е презакажан, соопштија од амбасадата.