Шведска се откажа од екстрадиција на Асанж


 

Шведското обвинителство нема да вложи жалба на одлуката на британскиот суд со кој се одбива формалното барање основачот на Викиликс Џулијан Асанж да се задржи во притвор.

Задржувањето во притвор е побарано додека не се истражи обвинението за наводно силување.

Налогот за притвор би бил формален предуслов за поднесување барање за екстрадиција на Асанж, кој се наоѓа во притвор во Велика Британија, пренесе Ројтерс.

Сега, работата е фокусирана на проценка на доказите низ спроведување дополнителни сослушувања, наведе во соопштението заменик директорот на јавното обвинителство Ева Мари Персон.

Шведска сака да го испита Асанж за наводно силување од 2010 година.