Шведска прв пат ги затвора границите поради страв од новиот сој на вирусот


 

Шведска нема да дозволи доаѓање на странски државјани од Велика Британија и Данска поради појавата на новиот сој корона вирус во тие земји.

Ова е прв пат од почетокот на пандемијата Шведска да ги затвори границите.

Повеќе од 40 земји досега забранија влез на британски граѓани.

„За да го намалиме ризикот од ширење овде, владата денеска донесе одлука за забрана за влез“, рече министерот за внатрешни работи Микел Дамберг на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Забраната стапува на сила од полноќ. Освен тоа, Шведска ќе ги суспендира на 48 часа сите летови од Британија.