Шведска планира пренамена на вишокот деловен простор во станбен


epa08343505 Local police on segways patrol during the coronavirus pandemic in Stockholm, Sweden, 04 April 2020. Countries around the world are taking increased measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/HNERIK MONTGOMERY SWEDEN OUT

Шведска планира да ги претвори деловните простории во станбени, со намера да го реши долгогодишниот проблем со недостиг од станови. Смената кон купување преку интернет и работа од дома предизвика големи проблеми за многу деловни субјекти, но и даде на нордиската нација шанса да се справи со хроничниот недостиг на станови.

Владата анализира дали слободната комерцијална недвижност по пандемијата на Ковид-19 може да се пренамени за да се надополни недостигот од околу 140.000 домови.

Пазарот на домување одамна е ахилова пета на шведската економија, јавија шведски медиуми.

Комплексни регулативи ги прават трошоците за изградба едни од највисоките во Европа. Даночни олеснувања за хипотека, нула данок на имот и високо регулиран пазар за изнајмување ги зголемија цените на купувачите на станови и драматично ги зголемија цените на становите, а централната банка редовно предупредува на ризикот што и се заканува на економската стабилност.

Шведската управа за домување е задолжена за поедноставување на сложените правила за градење, да помогне во плановите за пренамена на имотот и ќе ги извести владините претставници кон крајот на февруари.

– Пандемијата значи дека се повеќе сектори разгледуваат за решенија за работа на далечина и работа од дома што би биле трајни. и тоа значи дека има локации што можат да се користат за домување, рече шведскиот заменик министер за финансии Пер Болунд.