Шведска алармира: Заради хакерите дел од парите чувајте ги во кеш


 

Шведска им препорача на своите граѓани дома да чуваат дел од парите.

Владата советува дел од парите да ги чуваат во кеш, во случај да се случат сајбер напади на националните банки, пишува The Times.

Дигиталните плаќања се подеднакво погодни и за купувачите и за продавачите, а Скандинавците на драго срце ја применуваат новата технологија. Шведска е една од најнапредните нации кога станува збор за дигиталните плаќања.

Но, сега стручњаците од шведската влада се загрижени дека луѓето може да останат без пари ако хакерите ги нападнат компјутерските мрежи, но и доколку дојде до итни случаи – прекини на струја, терористички напади или војна.

Шведската Агенција за непредвидени работи објави водич за секое домаќинство со упати како да чуваат пари во мали банкноти и кованици, за секој случај.

Шведското предупредување ќе го запали алармот на светско ниво затоа што најразвиените нации се повеќе стануваат општества на безготовинско плаќање. Шведската влада препорачува секој граѓанин да чува пари „под перница“.