Швајцарската централна банка во загуба


Швајцарската централна банка забележа годишна загуба од 132 милијарди швајцарски франци (143 милијарди долари) во 2022 година, најголема во нејзината 115-годишна историја, беше соопштено во понеделникот. Причината е падот на пазарите на капитал и фиксниот приход што ја погоди вредноста на нејзиното портфолио на акции и обврзници. Негативно влијаеше и зајакнувањето на швајцарскиот франк, објави Ројтерс.

Провизорната бројка од понеделникот, која означи пресврт од добивката од 26 милијарди франци во 2021 година, е далеку повисока од претходната рекордна загуба од 23 милијарди франци во 2015 година. Тоа е малку повеќе од годишниот БДП на Мароко. 

Швајцарската централна банка ќе објави детални годишни бројки на 6 март.

Направи загуба од 131 милијарди франци на своите девизни позиции – повеќе од 800 милијарди франци во акции и обврзници што ги купи за време на долгата кампања за слабеење на вредноста на швајцарскиот франк.

Глобалните берзи ослабеа, а цените на обврзниците паднаа минатата година, бидејќи централните банки ширум светот, вклучително и централната банка на Швајцарија, ги зголемија каматните стапки за да се борат против инфлацијата.

Силниот швајцарски франк – кој се искачи над паритетот во однос на еврото во јули – доведе до загуби на девизниот курс.

Единствената позитива беше залихата на злато на изнесуваше 1.040 тони на крајот на 2021 година и доби 400 милиони франци во вредност во текот на 2022 година.

Загубата во 2022 година значи и дека централната банка нема да ја изврши својата вообичаена исплата на централната и регионалната влада на Швајцарија, се вели во соопштението. Минатата година банката исплати 6 милијарди франци.

Сепак, малку е веројатно дека загубата ќе влијае на политиката на банката. Таа ги зголеми каматните стапки три пати во 2022 година за да ја спречи високата инфлација.

– Колосалните загуби на централната банка воопшто нема да ја променат нејзината монетарна политика – вели Карстен Јуниус, економист во J. Safra Sarasin, додавајќи дека високата репутација на банката ѝпомага да не мора ништо да менува.