Шутаров: Бaраат субвенции за ЈСП, а да не даваат информации за состојбите во ЈСП

Гордан Шутаров, советник на СДСМ , извести дека во Советот на Град Скопје денеска треба да изгласаат дополнителни 20 милиони денари субвенции за ЈСП, откако на претходниот реабалнс во јуни изгласале 130 милиони. Шутаров нагласи дека кога треба да се дадат субвенции ги советуваат да ја изгласаат одлуката, но кога треба да се дадат информации, тие барања паушално ги добиваат.
-Одлуките кои што ние ги носиме се од значење за сите граѓани на Градот Скопје. Ако можеме да носиме одлуки за субвенционирање, мораме да добиеме информација за она што го бараме. Не може да барате да субвенционираме јавно претпријатие, а да не давате информации за состојбите во тоа претпријатие, посочи Шутаров.
Советникот Шутаров нагласи дека во состојба кога има тепачка на автобуска постојка кој попрв да влезе во автобус, должни се и директорот и службите на Град Скопје да излезат со информација, да ја кажат точната состојба во ЈСП и состојбите во јавниот сообраќаен превоз.
-Што побрзо да бидат готови тие информации за да можеме да имаме коплетна слика за она што се случува меѓу ЈСП и приватните превозници и на наредната седница да се повика претседателот на надзорниот одбор да се одговори дали се почитува одлуката за линиски превоз на патници. Сите овие аргуметни, треба во најбрз рок да ги добие Советот на Град Скопје за да добиеме јасна слика за тоа што поддржуваме, што субвенционираме, што се почитува, што не, и да бидеме одговорни да излеземе пред граѓаните и да им ја расветлиме ситуацијата заради тоа што се доведени до заблуда, порача Шутаров.