Шумски пожар се шири во североисточна Јапонија, досега изгореа над 2.100 хектари


 Огромен шумски пожар се шири во североисточна Јапонија, горејќи повеќе од 2.100 хектари од средата, а бројот на домови во опасност се зголемува, објавија денеска јапонските медиуми.

Пожарот во Офунато, префектурата Ивате, ги принуди жителите да се евакуираат.

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба вети дека „ќе ги искористи сите можности на противпожарната служба и силите за самоодбрана за да спречи пожарот да ги загрози домовите“.