Шумски пожар на островот Хиос, евакуирани две населби


 

Голем шумски пожар изби утрово на грчкиот остров Хиос, поради што локалните власти наредија евакуација на жителите на две населби, пренесе АНА.

Пожарот, кој изби околу 10 часот утрово, се прошири поради силниот ветар, па локалните власти наредија евакуација на Толопотами и Скави.

Противпожарните служби веќе се на терен, а помош имаат и од волонтери, додека се очекуваат четири противпожарни хеликоптери и два авиона.