Шумахер јуниор ја освои Формула 2, следната сезона ќе се натпреварува во Ф1


Германскиот возач Мик Шумахер е шампион во Формула 2 за сезоната 2020. Неговиот татко е познатиот возач на Формула 1, Михаел Шумахер.

Мик Шумахер стана шампион, и покрај неуспешниот учинок во последната трка од сезоната возена денес во Бахреин. Тој заврши само 18-ти но ривалот за титулата Калум Илот ја пропушти својата шанса со тоа што заврши на 10. место.

Од следната сезона Шумахер јуниор ќе учествува во Формула 1 како дел од тимот на Хас.