Шукова сака да го направи центарот на Скопје пешачка и велосипедска зона


 

Кандидатката за градоначалник на СДСМ, Каја Шукова, предлага центарот на главниот град да се ослободи од автомбили и да се претвори во пешачка и велосипедска зона. За време на нејзината прошетка во таканречениот Мал ринг таа изјави:

„Време е на Скопје да му го вратиме ликот на вистинска метропола – град кој ќе биде пристапен и функционален. Мојата визија за Мал ринг е суштинска промена на центарот на градот. Проект кој подразбира затворање на овој дел за сообраќај, адаптиран за пешаците и велосипедистите. На ‘Рекорд’ ќе има дозвола за превоз само за ЈСП и специјални возила. Ќе го заживееме јавниот простор со урбана опрема и ќе воведеме посебни содржини. Центарот многу брзо ќе го добие ликот како што заслужува нашето Скопје и ќе го врати сјајот на метропола“, рече Шукова.

Таа тврди дека Скопје сега е задушен град поради неуспешните импровизации на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничка Данела Арсовска, која беше нивен кандидат. 

„Денес, строгиот центар на Градот е задушен од објекти, прекумерен сообраќај и без соодветна инфраструктура за пешаците и велосипедистите. Тоа време мора да остане зад нас“, рече Шукова.