Штраус за новогодишна магија – Филхармонија во празничен дух ја заокружи 2024 (фото)


Фоајето во ледено сина боја и огромна накитена елка ги дочека дотераните гости во Филхармонија, а сцената во црвена боја ветуваше празнична музичка магија, синоќа на новогодишниот концерт насловен  „Слушни! Доаѓа Новата…“, под диригентската палка на маестра Елена Митревска, која во моментов работи во Операта во Малме, Шведска. 

Во празнична атмосфера, со традиционалните валцери и полки од Јохан Штраус, Филхармонија ја заокружи  оваа година – , за неа посебна и исклучително важна. Позитивна енергија и на сцената и во публиката, насмеани лица со позитивен дух. Митревска го водеше оркестарот  со неверојатна харизма и енергичност, прицизно и неприкосновено.

Се гледаме во јануари- нашата музичка „Одисеја“ продолжува…, најавуваат од Филхармонија.

Фото: Т. Ранташа