Што знаеме за ракетниот напад во Кременчук?


Ракетата снимена пред да удри во трговскиот центар

 

Снимката во текот на ноќта, објавена од претседателот Зеленски, од ракетниот напад врз трговскиот центар во Кременчук, секако укажува на претходните украински проценки дека се работи за оружје „Кх-22“ лансирано од воздух.

Клучни карактеристики на „Кх-22

Ова е крстаречка ракета со среден дострел, развиена во ерата на Студената војна во 1960-тите, првично за да напаѓа големи воени бродови.

Имаше и варијанта за копнен напад, но во тие денови таа ќе беше опремена со нуклеарна боева глава. Ваквите проектили сега можат да бидат опремени со конвенционални боеви глави.

Оружјето е големо, со течно гориво, суперсонично – но, особено, неточно според денешните стандарди.

Можно е ударот да бил изведен со помош на надградена единица со подобрен инертен систем за навигација, или дури – но помалку веројатно – сателитска навигација.

Сите податоци за целната локација ќе бидат внесени пред лансирањето, наместо „во лет“. Релативно плитката природа на аголот на удар на оваа ракета дополнително укажува на нејзината крстосувачка природа, наместо на балистичка ракета, која следи параболичен пат.

Како беше лансирана?

Само неколку часа по нападот во понеделникот, командата на воздухопловните сили на Украина даде детали за тоа како започна нападот.

„Кх-22“ беа лансирани од бомбардери „Тупољев“ во областа Курск во западна Русија, на околу 300 километри од целта.

Ова е дел од познатата шема во оваа војна, каде што руските авиони лансираат ракети во заштитното подрачје на руската територија, користејќи го дострелот на крстосувачките ракети за да стигнат до цели стотици милји подалеку.

За време на викендот, руските бомбардери лансираа крстосувачки ракети кон Киев од Каспиското Море – на растојание од 1.500 километри. Слични напади беа извршени од истата област врз Одеса во април.