Што значи враќањето на Кристофер Хил на Балканот
Не испраќате извонредни луѓе на места за кои не сте заинтересирани. Ова е сигнал дека сме многу свесни за ризиците на Западен Балкан, вели поранешниот американски адипломат Даниел Фрид
Новоизбраниот американски амбасадор во Србија, Кристофер Хил, „е сериозен играч, експерт за Балканот, но и повеќе од тоа“, бидејќи тој е човек кој има директен пристап до претседателот, за разлика од претходните амбасадори, изјави за Гласот на Америка поранешен американски дипломат Даниел Фрид,кој како и Хил има долгогодишно искуство на Балканот.
Според Гласот на Америка, номинацијата на Хил предизвика контроверзии меѓу балканската и меѓународната јавност во врска со причините и потенцијалните резултати на ветеранот – во минатото беше вклучен во ставање крај на војната во Босна и Херцеговина, како и за време на кризата во Косово, завршена во 1999 година со интервенцијата на НАТО во 1999 година интервенција во поранешна Сојузна Република Југославија
Соговорниците на Гласот на Америка уверуваат дека ова е големо име во дипломатските кругови, кое многу добро знаеше што прави во текот на својата долга кариера.
Дипломатска ѕвезда
„Дипломатска ѕвезда и многу сериозна личност. Се знаеме долго време. Тој служеше во Белград на почетокот на осумдесеттите години на минатиот век, така што го знае теренот. Тоа е добра работа, бидејќи неодамнешниот ненадеен пораст на тензиите меѓу Косово и Србија сугерира дека ситуацијата може да се влоши“, рече Фрид, висок соработник во невладиниот Атлантски совет и поранешен дипломат со долгогодишно искуство.
Хил, чија номинација треба да се потврди во Конгресот, во текот на неговата кариера служеше и како помошник државен секретар за источноазиски и пацифички работи. Тој ја предводеше американската делегација за време на разговорите со севернокорејските претставници за нуклеарно разоружување во 2003 година.
„Работеше во Македонија, Полска, Јужна Кореја и Ирак, каде што САД веројатно ја имаа најголемата амбасада во светот во тоа време. Хил е директно поврзан со претседателот Бајден и државниот секретар Блинкен. Тој веројатно има полесен пристап до нив за разлика од другите амбасадори. Мислам дека тоа сигнализира дека Американците се заинтересирани да ги постигнат вистинските решенија за Косово и Босна и Херцеговина“, рече Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон и познавач на балканските прилики.
„Не испраќате извонредни луѓе на места за кои не сте заинтересирани. Ова е сигнал дека сме многу свесни за ризиците на Западен Балкан. Не можам да кажам дека ова ја сигнализира намерата да започне нов процес, но тоа значи дека сме дипломатски подготвени да го сфатиме сериозно“, рече Фрид.
Политичката транзиција во американската администрација, по претседателските избори во ноември минатата година, беше придружена со шпекулации во балканската јавност за можностите за промена на политиката кон Западен Балкан – поточно кон Србија, процесот за дијалог Белград-Приштина и ентитетот Република Српска.
Во неколку наврати американските претставници уверуваа дека овој однос ќе остане непроменет и дека САД ќе останат фокусирани на поддршка на евроатлантската интеграција на целиот регион.
„Што и да сакаме да правиме на Балканот, Србија е дел од неа – на вистинската или погрешната страна. Претпочитам да биде на вистинската, иако не е важно што сакам. Зависи од Србија, а да се има влијателен дипломат таму значи дека ќе се знае дека работите ги сфаќаме сериозно“, рече Фрид.
Тој оцени дека најдобро сценарио би било „Србија да се сети на своите поранешни европски аспирации, Србија која помага да се решат прашањата на Балканот, а не да биде агент на Москва или на национализмот и да ги влоши работите“.
„Таква Србија може да ја промени историјата на регионот“, рече Фрид, кој во текот на својата кариера беше помошник државен секретар и беше активно ангажиран на Балканот.
Меѓутоа, Даниел Сервер смета дека може да дојде до извесно заострување на односот на САД кон Белград во споредба со претходната американска администрација, која, според него, имала нешто помек однос кон Србија.
„Владеењето на правото е предуслов за економски развој и политичко решение. Политичките промени во Косово придонесоа за поагресивни напори за постигнување владеење на правото отколку во Белград, каде владата не се менува веќе неколку години. И ние знаеме што се случува со администрациите кои се на власт со години. Постепено стануваат покорумпирани“, вели Сервер.
Според него, „нема поагресивен пристап кон борбата против корупцијата во Србија, нема напор да се воспостави независно судство, нема слободни медиуми“, и сето тоа се работи што ќе го забават напредокот на Србија кон Европската унија.
„Проблемите ги создаде Милошевиќ, а на Хил“
Според Гласот на Америка, не е безначајно што дел од јавноста во Србија го поврзува името на Кристофер Хил со администрацијата на поранешниот претседател Бил Клинтон, на која граѓаните не гледаат со симпатии и ја поврзуваат со долгогодишните санкции, изолација и конечно НАТО интервенција на Косово.
„Крис Хил не создаде никакви проблеми. Нив ги создаде Слободан Милошевиќ и Србите го знаат тоа. Не обвинувајте го Хил затоа што Милошевиќ доведе до влошување на сѐ што допре. Се сеќавам во мое време дека радикалната позиција на Косоварите беше Република Косово. Сѐ што сакаа беше да бидат конститутивна република со ист статус како и Хрватска. Тие не бараа независност. Не обвинувајте го Крис Хил“, рече Фрид.
Даниел Сервер, пак, смета дека Хил доаѓа со наследство на соработка, меѓу кои се и луѓе како поранешниот американски претседател, но и државниот секретар Медлин Олбрајт.
„Тоа е неговата биографија, тој потекнува од тоа милје. Но, во исто време, на Америка секогаш ѐ било полесно, како што е докажано во Дејтон, да замижи пред пријателите отколку кон неистомислениците. Така, очекувам дека Американците ќе вршат притисок врз косовските власти со бројни прашања, од кои едната е Заедницата на општини со српско мнозинство. Мислам дека тие ќе се обидат да извршат ист притисок врз пријателите, како што тоа го прават врз ривалите“.
Даниел Сервер истакнува дека такви работи како што е изборот на Хил се случуваат во дипломатијата и се јасен сигнал.
„Се случува нешто што ги тера САД да сакаат поинаков вид амбасадор, а тоа е дипломат кој има доверба од државниот секретар и претседателот и пристап до нив. Не мислам дека сегашниот амбасадор направи нешто погрешно и беше казнет. Се надевам дека ќе добие добра работа после ова. Овде станува збор за поставување поцврста рамка. Па, сега, зошто се одлучија за амбасадорска позиција во Белград, а не специјален пратеник, не ми е јасно ниту мене. Но, тоа веројатно зборува за тоа каде сметаат дека е потребно да се изврши поголем притисок“, заклучува Сервер.