Што се случува со паричките кои туристите ги фрлаат во познатата фонтана во Рим?


 

Ако некогаш сте го посетиле Рим, сигурно сте фрлиле паричка во позната фонтана, како што тоа го прават илјадници туристи дневно. Прашање е што на крај, се случува со толку пари?

Оваа традиција стекна популарност во 1954 година, благодарение на комедијата „Три парички во фонтаната“, но почнала многу пред тоа.

Според првобитното верување, чаша вода од оваа фонтана значела добра среќа и брзо враќање во Вечниот град.

Со време легендата еволуирала во верување дека со фрлање паричка преку левото рамо, свртени со грб кон фонтаната, ќе значи брзо враќање во градот.

Овие пари денес ги собирата работниците од добротворната католичка организација „Каритас“, која ги користи за купување храна наменета за сиромашните, како и спроведување на различни општествени програми. Паричната помош стигнува до 200 земји ширум светот.

Дневно во фонтаната се фрлаат околу 3.000 евра, што на годишно ниво изнесува над милион евра.

Во сопственост на организацијата „Каритас“ се наоѓа и посебен супермаркет, во кој од 2008 година намирници купуваат најзагрозените граѓани на Рим.