Што не чека во новиот свет на вештачка интелигенција?
Еерата на вештачка интелигенција брзо се приближува и е пред нас. Аналитичарите се загрижни дали вештачката интелигенција ќе биде уште покорисна за авторитарните лидери за да можат поуспешно да манипулираат и дезинформираат. Според генералот Ник Картер, поранешен началник на одбрана во Обединетото Кралство и Робин Скот, извршен директор и ко-основач на Аполитикал „ победниците во ова натпреварување ќе бидат тие тие ќе можат да ја одредат нашата иднина“.
Хенри Кисинџер и други политиколози и аналитичари се плашеа дека вештачката интелигенција ќе ја подигне моќта на недржавните актери и корпорации како оние контролирани од Илон Маск и Џеф Безос од Амазон или ќе ја отфрли „старата рамнотежа на моќта за нова, непозната нерамнотежа“.Доколку некои држави ја прифатат вештачката интелигенција на највисоко ниво полесно од другите, светот би бил уште помалку предвидлив.
„Во случаи кога некои луѓе би можеле воено или дипломатски да се соочат со држава со многу овозможена вештачка интелигенција, или против самата вештачка интелигенција, луѓето би се бореле да преживеат, а не да се натпреваруваат“, напиша Кисинџер неодамна со Ерик Шмит, поранешен извршен директор на Google и Крег Мунди, поранешен висок советник на Мајкрософт.
Грозни работи. Но, подобро е да се остане оптимист за вештачката интелигенција и да се прифати сценариото на Кисинџер за идни корпорации кои ќе формираат сојузи за да ја консолидираат нивната и онака значителна моќ.
„Овие корпоративни сојузи би можеле да преземат традиционални функции на национални држави, иако наместо да бараат дефинирање и проширување на ограничените територии, тие би негувале дифузни дигитални мрежи како нивни домени“.
Маск веќе им вгради на двајца пациенти интерфејс на мозокот-компјутерот Neuralink, кој е дизајниран да им дозволи да контролираат компјутер или мобилен уред каде и да одат. Очигледно, има првилни проблеми и неисправности, но сепск можеме да се радуваме на денот – кој не може да дојде брзо и не следната година – кога не треба да викаме на Алекса на Џеф Безос и наместо тоа само да помислиме: Време е да ги исклучиме светлата. (Политико)