Што ќе реконструира Општина Гостивар со парите од Владата – доби 2,7 милиони евра


Општина Гостивар доби 13 проекти од проектот „100 милиони евра за општините“, за што Владата одлучи да додели 162 милиони денари или приближно 2,7 милиони евра.

Овие проекти се од 26-та седница на која Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за прераспределба на средствата во рамки на проектот „100 милиони евра за општините“. Со оваа одлука Владата и официјално утврди кои проекти од општините се прифатливи и ги исполнуваат критериумите и вкупната сума на средства што ќе ги добие секоја општина поединечно.

Иако, Општина Гостивар смета дека аплицирала со проекти од областа на животната средина, патната инфраструктура, транспортот, образованието, спортот, грижата за децата итн, прифатените и поддржаните проекти се само за реконструкција на улици.

Проекти:

1. Реконструкција на булеварот „Браќа Ѓиноски“ –
2. Изградба на шеталиште на улица „Борче Јовановски“ –
3. Реконструкција на главниот пат во с. Здуње –
4. Реконструкција на патот од гимназијата до с. Бања –
5. Реконструкција на локалниот пат во село Балиндол –
6. Реконструкција на патот од Фондот за здравство до Кеј „Вардари“ –
7. Реконструкција на улица „Иво Лола Рибар“ до улица „Беличица“ –
8. Реконструкција на коловозот околу автобуската станица –
9. Реконструкција на улица „Мара Угринова“ паралелна со железничката станица –
10. Реконструкција на улицата „Никола Тесла“ од гимназијата до населбата Дутлок –
11. Реконструкција на патот „Никола Тесла“ до Факултетот за медицина –
12. Реконструкција на улица „Мара Угринова“ до улица Беличица –
13. Реконструкција на пат „13“

„Со овие проекти општина Гостивар ветува дека животот на граѓаните значително ќе се подобри и овие инвестиции се успешна приказна за нашата општина, бидејќи првпат има толку многу проекти кои ќе се реализираат за кратко време. додека нивната реализација започнува веднаш штом парите се на сметката на општината.

Важно е да се напомене дека средствата се распределуваат врз основа на бројот на жители, што резултира со еднаква распределба на средствата во сите општини и региони. Според овој критериум, етничката припадност на мнозинското население во која било општина нема да биде причина за неподелба на средства“, појаснуваат од Општниа Гостивар.