Што ќе бара ДУИ ако има повеќе Албанци на пописот од официјалното?

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Загреб беше прашан дали ДУИ ќе бара федерализација на Македонија доколку претстојниот попис на населението покаже повисок процент на Албанци во споредба со последниот.

“Македонија разви автентичен модел на регулирање на меѓуетничките односи и може да служи како модел за земјите од поблискиот регион бидејќи со Охридскиот договор се овозможи создавање на држава на еднакви заедници и на еднакви граѓани и од тој процес нема враќање назад, туку можно е само надоградување во смисла на продолжување на евроатланскиот пат на државата. Пописот е планиран за годинава, точно е дека подолг период нема Попис на населението кај нас. Кај нас Пописот не е само статистичка операција туку е и политичка операција бидејќи според Уставот правата на заедниците произлегува од процентот на застапеноста на заедниците. Затоа е важно да се создаде законски кредибилен процес во кој никој немам да се сомнева и убеден сум дека новото законско решение е кредибилен процес во кој сите ќе имаат доверба и ќе ги прифатат резултатите какви и да се”, одговори Османи.