Што кажа напаѓачот пред да го застрела словачкиот премиер
Истрели беа испукани напладне во средата по состанокот на словачката влада во Хандлова кај Братислава, при што беше ранет словачкиот премиер Роберт Фицо.
Функционер од партијата на Фицо потврди за „Гардијан“ дека премиерот бил погоден во пределот на стомакот. Тој брзо бил ставен во хеликоптер и пренесен во болница, а последните информации велат дека е на операција, во критична состојба, според она што го соопштија од кабинетот на премиерот.
Според извештаите, осомничениот вооружен напаѓач наводно извикал „Робо дојди овде“ кон премиерот, пред да отвори оган.