Што е првото нешто што мажите го забележуваат кај жените?


 

Можете ли да погодите што е научно докажано дека е првото нешто што мажите го гледаат кај жената?

Ако некогаш сте се запрашале што првото нешто што еден дечко го забележува кај вас, не сте сами. Тоа е едно од најчестите прашања на интернет, исто како што мажите прашуваат што жените прво забележуваат кај нив.

За да го најдат одговорот на ова прво прашање, експертите спроведоа неколку студии, а ова се некои од најинтересните сознанија.

Косата.

Косата привлекува внимание и остава силен прв впечаток кај мажот

Истражувањето спроведено од една компанија покажа дека навистина не треба да штедиме на фризер бидејќи дури 74 отсто од анкетираните мажи велат дека ја забележуваат жената поради нејзината коса и дека тоа е првото нешто на кое обрнува внимание.

Згора на тоа, ова истражување исто така покажа дека мажот е поверојатно да и пријде на девојка со сјајна коса отколку на онаа која е провокативно облечена во кафуле!