Што е имплозија: Поранашен офицер објаснува што се случувало со патниците во подморницата


Поранешниот офицер на британската морнарица Дејвид Расел, кој помогна во потрагата по исчезнатата подморница „Курск“ во 2000 година, вели дека имплозијата на трупот на подморницата значи дека патниците во неа умреле веднаш.

„Луѓето ќе сакаат да знаат што го предизвикало неуспехот на оваа подморница, која, точно разбирам, била на таа длабочина многу пати претходно. Треба да знаеме зошто се случи трагедијата за да се осигураме дека ова нема да се повтори“, рече Дејвид Расел.

На конференцијата на крајбрежната стража, адмиралот Џон Маугер рече дека сè уште не можат да кажат кога всушност се случила имплозијата, но се верува дека катастрофата се случила уште пред да се започне спасувачка операција.

Исто така, не е познато дали подморницата воопшто стигнала до Титаник, за што патниците платиле 250.000 долари, или дали умреле пред да ја видат.

Иако сè уште нема официјални информации за тоа како дошло до катастрофалната имплозија, се верува дека подморницата претрпела пукнатина и имплодирала под притисок под водата, при што веднаш загинале сите пет мажи.

Имплозија е нагло намалување на обемот или волуменот на физичкото тело во кое притисокот на надворешната површина на телото пред „распукнувањето“ бил помал од притисокот на околината.

„Остатоците од подморницата се во согласност со последиците од катастрофалното губење на комората за притисок“, рече Маугер.

Подморница со далечинско управување која трагаше по исчезнатата туристичка подморница Титан во четвртокот открила поле со остатоци на дното на океанот во близина на остатоците од Титаник, соопшти претходно американската крајбрежна стража.

Спасувачките тимови од неколку земји поминаа денови пребарувајќи илјадници квадратни милји на отворено море со авион и брод за каков било знак на Титан долга 6,7 метри, со кој управуваше американската OceanGate Expeditions.

Откривањето на подводни звуци во вторникот и средата со помош на сонарни пловци фрлени од канадски авиони привремено влеа надеж дека луѓето во подморницата се живи и се обидуваат да комуницираат со удирање по трупот.

Но, официјалните лица предупредија дека анализата на звукот е неубедлива и дека звуците можеби воопшто не доаѓале од Титан.

 

(Видео) Анимација која што собра милиони прегледи: Вака изгледа имплозијата на подморницата
 
Американската крајбрежна стража објави дека подморницата која исчезна за време на експедицијата до Титаник најверојатно имплодирала, при што загинале сите пет патници.
 
Поради ова, многу луѓе ги интересираше што точно е и како изгледа имплозија на подморница, па затоа видеата кои одговараат на овие прашања собраа милиони прегледи за краток временски период.
 
Еве едно од нив кое што има милиони прегледи и прикажува анимација на имплозија, по што пловилото е целосно уништено.
@sincerelybootz For educational purposes: Submarine implosion depiction #titanic #titanicexpedition #ocean #submarine #implosion ♬ original sound – Bootz

 
На социјалните мрежи и на Интернет се појавија и други видеа кои покажуваат што се случува со имплозија. Еве некои од нив:
 

Како што е познато, адмиралот на американската крајбрежна стража Џон Маугер на прес-конференција рече дека подводен дрон на околу 500 метри од лакот на Титаник пронашол остатоци што укажуваат на „катастрофална имплозија“.