Што да очекуваме од модата на Оскарите 2021?


Зошто црвениот килим на најголемата филмска ноќ е и најважна модна писта во светот ?

Црвениот килим на Оскарите в недела што ќе се пренесува во живо истовремено од „Долби театарот“ и од железничката станица „Јунион стејшн“ во Лос Анџелес, ќе има кодекс на облекување, според Академијата за фимски уметности и науки. На презентерите, номинираните плус еден гостин  на кои ќе им  биде дозволено физичко присуство -им се забранува да носат тренерки или пижами како што можеа за другите настани на црвениот килим во изминатата година.

Познатите личности мора да носат облека што е „спој на инспиративно и аспиративно, што со вистински зборови значи дека формалното е сосема кул ако сакате да бидете таму, но кежуал не е“.

Се чини дека целокупната порака е: Холивуд се враќа на деловните активности како и обично.

Оскарите во 2020 година чинеа приближно 41 милион американски долари.   Церемонијата во 2021 година, најверојатно, ќе биде уште поскапа благодарение на мерките за безбедност што ги презема Академијата, како „специјално дизајнираните тестови за Ковид“.

Кодексот на облекување на шоуто исто така ќе се додаде на вкупните трошоци за ноќта, бидејќи во суштина од славните ќе се бара ансамбли на спортски дизајнери. Ансамблите на актери од А-листа обично чини околу 10 милиони долари за Оскарите. 

Значи, феноменот на модата на Оскарите  и годинава, во услови на Ковид интригира  зошто црвениот килим на најголемата филмска ноќ е и најважна модна писта во светот.

Во ретко успешните обиди за добро дозирање помеѓу авангардата и конвенционалноста, секогаш има и по некој навистина креативен изглед, некоја храбра актерка со карактер, која пркоси на општо поставените правила. Па конечно зарем Оскарите и сите други награди не се манифестации во кои се наградува креативноста?

Се сеќаваме на провокативноста на Шерон Стоун во раскопчана бела машка кошула, паметно комбинирана со тесно сатенско, максимално елегантно здолниште или Џулија Робертс која смело ризикуваше во црно бел винтиџ фустан од куќата Валентино. 

Бјорк со авангардниот лебедов фустан на нашиот Марјан Пејоски влезе во аналите како една од најинтересните изгледи на Оскарите. Па дури и Лејди Гага, која шокираше на МТВ наградите во 2010-та со својот фустан изработен од телешко месо,на Оскарите беше допадливо конвенционална.

Никол Кидман, исто така, е секогаш на врвот со својот избор на тоалети со потпис на Шанел, Балман, Александар Меквин… Или Џесика Частејн, заводливо романтична во Александер Меквин и скулптурална во Армани приве, Кери Малиган во Прада и секако Шарлиз Терон во Диор.