Штитот од Капетан Америка во рацете на детето што ја спаси сестра си од куче

Веста за шестгодишникот кој ја спаси својата помлада сестра од бесно куче го обиколи целиот свет, а на тоа реагираше и актерот Крис Еванс.
Откако слушна што се случи, Еванс, кој го глумеше ликот на Капетан Америка во филмовите на Марвел, сними видео и го испрати на момчето, кое го погледна облечено во костум на Капетан Америка.

„Еј, Бриџер, овде е Капетан Америка. Како си пријателе? Ја прочитав твојата приказна. Видов што си направил и сигурен сум дека си слушнал многу вакви работи во последните денови, но сакам да ти кажам и јас. Ти си херој. Она што го направи беше толку храбро и несебично. Сестра ти е среќна што си нејзиниот постар брат. Вашите родители мора да бидат горди на вас “, му рече Еванс во видеото.

Видеото што го добија и видеото од момчето додека го гледа на Инстаграм го објави неговата тетка Ники.

„Разговор со капетан Америка. Немам зборови. Ние сме многу, многу благодарни “, напиша таа во видеото кое го гледаа скоро милион луѓе за помалку од 24 часа.