Штипјанец оздравел, па пак се заразил со Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Штипјанец излекуван од корона по втор пат е позитивен на вирусот, објави ТВ24. Првпат вирусот му бил потврден на почетокот од јуни. Тогаш овој 46 годишник бил тестиран иако немал никакви симптоми.

По две недели добил два негативни теста и влегол во статистиката за оздравени пациенти. Откако пред неколку денови развил симптоми, хоспитализиран е на инфективно во Штип. Брисевите потврдиле дека повторно е позитивен на Kовид-19. Според епидемилолозите веројатно во контакт со вирусот дошол преку членови на неговото семејство вработени во конфекција.

Целиот текст ТУКА