Штерјо Наков пријавен за исчезнат, па пронајден во Орешани
По неколку часа потрага полицијата го пронајде познатиот бизнисмен Штерјо Наков кого семејството го пријави синоќа за исчезнат. Наков бил во неговата викендичка во селото Орешани во близина на Скопје.
Штерјо Наков беше 20 години директор на големата шпедитерска компанија „Фершпед“, која по приватизацијата прерасна во една од најуспешните фирми во Македонија. Пред девет години се повлече од управувањето на компанијата.