Штедете во Комерцијална банка и без штедна книшка


Никогаш не било полесно и побрзо да си обезбедите сигурно место за вашата заштеда. Отсега, Комерцијална банка ви овозможува денарско и девизно штедење за физички лица без штедна книшка.
 
Само со еден документ, лична карта или пасош, може да отворите и да располагате со средствата од вашиот паричен депозит. Уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати може да ги следите преку апликациите Интернет банка и мБанка или преку шалтерите на Банката. За паричниот депозит важат истите каматни стапки како и за штедењето со штедна книшка.