Шпанскиот крал Фелипе осамен на врвот: Сестра му Кристина избегна затвор, татко му Хуан во егзил


Шпанија- Парите го урнаа угледот на шпанското кралско семејство. Кралот Фелипе Шести (52) кој го наследи тронот пред шест години, сега е осамен на врвот. Со сопругата Летиција која во јавноста привлекува внимание со својот стил на облекување остануваат единствените претставници од кралското семјство кои можат да го сочуваат достоинството на семејството дома и во светот.

Сестра му Кристина (54) веќе три години е изолирана од семејството откако во 2017 година судот ја ослободи од обвинението за даночна измама, но нејзиниот сопруг Инаки Урдагарин е осуден на 6 години и три месеци затвор поради малверзација и на глоба од повеќе од 512.000 евра поради затајување данок, корупција и неодговорност. Двојката има 20-годишен син Хуан.

И татко му, кралот Хуан Карлос (82) избра егзил отколку да се соочи со правдата.      Шпанскиот премиер изјави дека не знае каде се наоѓа , еден ден откако поранешниот крал објави дека ја напушта земјата и покрај извештаите во медиумите кои сугерираат дека е во Португалија или во Доминиканска Република.

Хуан Карлос дека ја напуштил земјата поради тековниот скандал за наводното затајување данок. Овој потег се случи откако шпанските медиуми објавија дека тој од Саудиска Арабија добил 64,8 милиони евра во 2008 година преку оф-шор сметка. Даночните власти во Швајцарија му дадоа информации на шпанскиот судски систем за финансиските постапки на поранешниот крал, што доведе до прашања во врска со неговите активности по јуни 2014 година, кога тој абдицираше и го изгуби имунитетот.

Запрашан во неколку наврати да разјасни која земја поранешниот крал би ја избрал за своја нова резиденција, Санчез рече: „Она што е важно е што Хуан Карлос рече дека ќе биде на располагање на обвинителската служба и правдата“.

Тој не појасни дали шпанските даночни обврзници ќе плаќаат за безбедноста на Хуан Карлос додека е во странство.

Премиерот ја поддржа одлуката донесена од поранешниот крал и инсистираше на тоа дека Шпанија „има потреба од стабилност и стабилни институции“.