Шпанија заплени подморница со три метрички тони кокаин!

Шпанските власти соопштија денеска дека во подморницата која ја заплениле се наоѓале три метрички тони кокаин.

Националната полиција и министерството за финансии соопштија дека ова е првпат криумчарите да се обидат дрогата до Европа да ја криумчарат со подморница.

Користењето на подморница за криумчарење кокаин е честа појава во САД.

Во меѓународната операција, во која подморницата е запленета, учествуваа шпанската, португалската, американската и бразилската полиција.

Кокаинот од подморницата требал да биде префрлен на друго пловно средство, но тричлениот екипаж ја напуштил подморницата во саботата вечер кога крај шпанскиот брег ги пресретнала полицијата.

Двајца Еквадорци се уапсени на копно, а по третиот член на екипажот и понатаму се трага бидејќи успеал да побегне.

Полицијата вчера со кран ја извлече подморницата на пристаништето со цел полесно да влезе внатре.

Властите велат дека во подморницата можело да собере пет метрички тони кокаин.