Шпанија прв финалист на Светското првенство за фудбалерки


Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на Светското фудбалско првенство за жени. Шпанските фудбалерки денес во полуфиналето забележаа победа над Шведска со 2:1.

Трите гола паднаа во последните 15-ина минути од натпреварот одигран во Оукленд. Најпрво Салма Парајуело во 81. минута и донесе водства на Шпанија, Швеѓанките изедначија преку Ребека Блонквист во 88. минута. Победничкиот гол го постигна Олга Кармона Гарсија во 90. минута.

Шпанија за прв пат во својата историја ќе игра финале на Светско првенство.

Во второто полуфинале утре од 12 часот во Сиднеј ќе се соочат ко-домаќинот на Мундијалот Австралија и Англија.