Шпанија ќе ги затвори сите хотели од 24 март


Властите во Шпанија денеска донесоа одлука да ги затвори сите хотели од идниот вторник 24 март како нова мерка за да го спречи ширењето на корона вирусот.

Европските земји ги повикаа нивните туристи што се наоѓаат во Шпанија што е можно побрзо да ја напуштат земјата.

Шпанија е втора најпогодена земја во Европа од Ковид-19 со 14.000 регистрирани случаи и 600 починати. Шпанските власти размислуваат хотелите да ги претворат во привремени болници за да го олабават притисокот врз здравствениот систем на земјата.