Шпанија ја декласира Германија со 6:0


Репрезентацијата на Шпанија ја совлада Германија со 6:0 во натпревар од Лигата на нации одигран синоќа во Севиља.

Со шест гола разлика, репрезентацијата на Германија загуби за прв пат од 1931 година.

Феран Торес постигна хет-трик, а другите три погодоци ги дадоа Алваро Мората, Родри и Микел Ојарзабал.

Шпанија го освои првото место во групата 4 и ќе игра во плејофот за трофејот.