Шпанија е ново жариште во Европа, денеска има двојно повеќе заболени од вчера

 

Шпанија забележа рекордни 55.019 нови случаи со корона вирус во еден ден.

Тоа значи дека има двојно повеќе од вчерашните 25.595, покажаа податоците на Министерството за здравство.

Бројот на починати порасна за 379, со што вкупниот број порасна на 36.257 во Шпанија која од минатата недела одобри шестмесечна вонредна состојба за да се обиде да го сузбие вториот бран на заразата, пренесе Ројтерс.

Големиот скок на новозаразени се должи делумно на тродневниот празничен викенд во Шпанија, наведува агенцијата.

Официјално досега во Шпанија се регистрирани 1.240.697, но премиерот Педро Санчез рече дека вистинскиот број веројатно е поголем од три милиони врз основа на студија за преваленција и проценка.