Шпанија е „новата Италија“, вчера 410 жртви од Ковид 19


Според последните податоци од целиот свет, од Ковид 19 до сега умреле 15.297 луѓе.

Оваа црна статистика покажува дека во Италија има 5.476, а Кина 3.270 жртви.

Шпанија е второ европско жариште на болеста и до сега има 2.182 смртни случаи. Тој број денеска се зголеми за дури 410.

Иран бележи 1.411 смртни случаи и на црната листа е четврт на светот.

До сега потврдени се 347.000 заболени, а излечени се 100.321.