Шпанија додаде повеќе од 1.000 смртни случаи


Шпанија денеска додаде повеќе од 1.000 смртни случаи од корона вирус на порано објавените бројки, по првото ажурирање на бројките по речиси две недели.

Претходно, беше објавено дека од ковид-19 починале 27.116 луѓе до 7 јуни. По денешното ажурирање, тој број се искачи на вкупно 28.313.

Од почетокот на епидемијата потврдени се повеќе од 244.000 заразени.

Но, во официјалната проценка на имунизација се вели дека околу пет отсто од 47 милиони жители биле заразени од корона вирус.